Нашата чинија е клучот за убаво и здраво тело, мазна кожа и сјајна коса, но при тоа не се мисли на бројот калории кои ги внесуваме, туку на намирниците кои ја регулираат дигестијата и го забрзуваат метаболизмот.
Овој пијалок е преполн со витамини, минерали и амино-киселини, а треба да го конзумирате наутро или како ужинка која ќе биде замена за кафе или кесичка чипс.
Состојки:
- Една и пол чаша вода
- Една главица исецкана марула
- Три до четири стебленца целер
- 300 гр спанаќ
- Едно излупено и исецкано јаболко
- Една излупена и исецкана круша
- Една банана
По желба:
- Свеж коријандер (листови и стебло)
- Магдонос