На Фејсбук се шири пораката од Ејми Гарднер, која на својата ќерка и одржала лекција пред почетокот на учебната година. Коментарите на друштвените мрежи уверуваат дека оваа порака секој родител треба да му ја пренсе на своето дете.
-Мојата ќерка тргна во шесто одделение. Пред првиот училишен ден го подготвивме ормарот, купивме облека и ја изненадивме со нов училишен прибор. Но, вечерта пред спиење направивме важна задача – ја започнала својата приказна на Фејсбук Ејми Бет Гарднер.
Оваа мајка побарала од својата ќерка Бреона да ја истисне целата содржина од тубата од пастата за заби на чинија, а кога завршила ја замолила пастата да ја врати назад во тубата. Фрустрираното девојче набрзо почнало да извикува дека тоа не е возможно.
„Ја почекав да се смири, па ѝ кажав: Ќе ја запаметиш оваа чинија со паста за заби до крајот на животот. Твоите зборови имаат голема моќ. Сега почнуваш со ново одделение и ќе имаш можност да ги искористиш своите зборови за некој да повредиш, понижиш или навредиш. Ќе имаш можност да ги искористиш своите зборови и за некој да поттикнеш или да му искажеш љубов.
Со текот на времетоќе научиш да го избираш погрешниот пат. Баш како пастата за заби зборовите ќе излегуваат од твојата уста и веќе нема да можеш да ги вратиш назад. Затоа своите зборови користи ги внимателно. Одлучи секое утро дали во твоето одделение ќе бидеш препознатлива по нежност и чувствителност. Никогаш нема да зажалиш што си ја избрала љубезноста“ – напишала оваа мајка.
Нејзините зборови не само што имале силно влијание врз нејзината ќерка туку и допринеле милиони други луѓе да ја сфатат и пренесат лекцијата. Оваа објава е споделена повеќе од 700.000 пати и има од прилика ист број на лајкови.
Родителите ширум светот се воодушевени и убедени дека оваа лекација треба да ја споделат со нивните деца.