ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Домашен сируп за исфрлање слуз од белите дробови

Сирупот се подготвува во домашни услови и особено е погоден за помали деца кај кои исфрлањето на слузот е отежнато.

Состојки:

  • 1 лажица жалфија
  • 1 лажица ленено семе
  • 1 лажица бел слез
  • 1 лимон исечкан на кругови
  • 250 г шеќер
  • 250 мл вода

Водата и шеќерот се ставаат на оган да зоврие додека шеќерот не се растопи. Се додаваат останатите состојки, а огнот се намалува на тивко. По 15 минути се трга и се процедува.

Се пие трипати дневно по една супена лажица, додека да се смири кашлицата. Сирупот се чува во фрижидер.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.