Android важи како платформа на која можете да најдете најголем број на бесплатни апликации и виџети…но, тоа не значи дека не постојат одредени апликации кои се неверојатно скапи. Да погледнеме колку чинат оние најскапите!
1. The Abu Moo collection
Цена – 200 долари за 1 верзија, 1200 долари за сите 6
Програмерот Abu Moo има серија на апликации кои носат имиња според скапоцени камења. Апликацијата не прави ништо освен што им дава можност на богатите да покажат дека се навистина богати, со тоа што ќе го постават дијамантот како виџет на нивниот Homescreen.
2. Deduce – Grandmaster Edition
Цена – 200 долари
Deduce е игра која тврди дека е комбинација од шах и X-0 (икс-нула) и е комплицирана и наменета за сите возрасти од 2 до 104 години. Секако, ќе мора да бидете и спремни да платите 200 долари за неа.
3. Got Cash
Цена – 200 долари
Got Cash ни дава одговор на прашањето – колку мрзливи може да бидете? Оваа апликација не прави апсолутно ништо и има грда икона од долар која само ќе ви стои во менито.
Бидејќи немаме скриншот, уживајте во ова маче!
4. Most Expensive App
Цена – 200 долари
Како и повеќето останати апликации на оваа листа, Most Expensive App не прави ништо повеќе освен што покажува дека имате пари. Кога ќе ја пуштите, ќе ве дочека екран кој ви објаснува дека апликацијата е најскапата на светот.
Најмалку 10 луѓе ја имаат купено.
5. Peek
Цена – 200 долари
Peek е интересна апликација која е достапна за 200 долари, но и за 1,94 долари под друг акаунт. Апликацијата е развиена од Jesus Agudelo, но кога била објавена неговата земја немала право да прима пари од Google, па затоа е објавена преку Francisco Franco.
Кога конечно Agudelo добил право, тој ја објавил за 1,94 долари, а оригиналната верзија е покачена на 200 долари за да престанат луѓето да ја купуваат, но постоечките корисници сеуште да добиваат апдејти.