Знаете, дека различни физички карактеристики можат да се индикатори за тоа каков вашиот карактер. Например, во нив се вбројуваат и формата на вашите нокти и должината на вашите прсти на нозете.
Денес ќе обратиме внимание на стапалата и нивната форма. Докажано е, дека токму формата е една од основните карактеристики кои ги раскриваат различните црти на вашиот карактер.
Ако имате египетско стапало, вие сте човек со големи соништа. Покрај тоа вие сте идеалист и го цените вашиот приватен простор. Криете многу труд и тајни во себе и не планирате да ги споделувате со луѓето околу вас. Не се стравувате да се исправите лице во лице со реалноста, но претпочитате да живеете во идеалниот свет кој вие го имате создадено за вас.
Ако пак имате римско стапало, тоа значи дека вашиот палец е најголемиот прст – знак, дека сте балансираната личност, екстровертен, и сакате да бидете опкружени со луѓе. Секогаш сте спремни да научите нови работи и да се вклучите во било какво интелектуално занимање. Луѓето со римско стапало сакаат да патуваат и да откриваат нови места и кулутри, но проблемите кај нив настануваат како резултат на тоа дека се понекогаш горделиви и егоисти.
Ако показалецот е најдолгиот прст и формата на врвот на стапалото е во форма на триаголник, вие имате грчко стапало. Тоа значи, дека сте спортски градени, активни сте и сакате да творите. Го сакате движењето и физичката активност и секоја задача ја вршите со голем ентузијазам. Толку многу сте енергични, што често ги полните луѓето околу вас со позитивна енергија. Импулсивни сте, што понекогаш ви состава голем стрес како на вас така и на луѓето околу вас.
Четвртиот тип на луѓе се оние, кај кои сите прсти на стапалото се со речиси иста големина, подредени на една линија. Вие обожавате да размислувате, да го обмислувате секое ваше решение и ги одредувате добрите и лошите страни на решението. Вие сте човек, кој не сака работите да ги остава работите да си течат, и во никој случај не ги остава работите на случајности. Секогаш донесувате решение базирано на вашите принципи и сте многу практични. Луѓето како вас се многу надежни и сигурни, на кои може многу да се верува. Секогаш го завршувате она што го имате започнато.