ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Добила казна од 400 долари бидејќи заборавила да го изеде појадокот

Жена на возраст од 86 години на аеродромот во Велингтон, Нов Зеланд, добила казна од 400 новозеландски долари бидејќи заборавила да го изеде појадокот.

Сали Хил, која од Австралија пристигнала во Велингтон со две внучиња, воопшто не можела ни да претпостави што ќе се случи штом ќе излезе од авионот.

Имено, додека ја минувала аеродромската контрола, службениците виделе дека во багажот има три праски.

„Им признав дека ги заборавив праските и се извинив зошто не ги изедов за појадок на аеродромот во Сиднеј“, рекла Хил и додала дека сепак службениците не биле расположени за преговори, бидејќи торбата веќе минала низ рентген апаратот.

Како што објасинла оваа постара госпоѓа, персоналот бил пријателски настроен, но одлучен да се напише казната чиј износ претставува една четвртина од нејзината пензија.

Властите од Нов Зеланд појаснуваат дека земјата има строги правила кога станува збор за биолошката безбедност, со цел да се спречи внесување на несакани штетници и болести.

„Свежи праски лесно можат да донесат овошни мушички, кои прават големи штети во Австралија“, рекол портпаролот на аеродромот, Стив Гилберт.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.