Една од најжешките теми во последните недели е несомнено изненадувачката разделба на Шакира и Жерар Пике.
Парот, чија љубов изгледаше толку реална и непоколеблива, реши да ја заврши својата приказна по 12 години и 2 деца.
Западните медиуми упорно шират тврдење дека причина за разделбата било неверство од страна на фудбалерот.
И иако ја потврдија информацијата дека се разведуваат, и двајцата молчат на темата која е причината што доведе до прекин на нивната врска. Шакира и Пике никогаш не се венчале, но допрва треба да го поделат имотот.
И тука доаѓа најинтересниот момент – ако дошло до предавство од Џерард, тогаш која е мистериозната убавица која успеала да и го украде на пејачот, макар на кратко?
Според првичните информации, фудбалерот ја изневерил со млада, русокоса убавица која работела како келнерка.
Но, Woman.bg дозна дека всушност вистината е малку поинаква и дека госпоѓата која го растури семејството на Шакира е бугарска убавица од Пловдив.
Нејзиното име е Драгана Спасовска , која често патува до Дубаи и токму таму го запознала Пике, кој ја посетил метрополата без својата сакана. Нивната последна средба била во ресторан пред Нова година.
Нивните топли чувства ги издава и една фотографија од Драгана и Пике која се појави на социјалните мрежи. Информацијата не е официјално потврдена, но во шпанските медиуми силно се коментирало дека фудбалерот и неговата склоност да се сопнува на различни жени, порано или подоцна би го уништиле неговото семејство со Шакира.