Флојд Мајведер, со самото свое појавување во рингот, на Т-Мобајл арената заработи 100 милиони долари, додека пак МекГрегор, за истото појавување ќе однесе дома околу 30 милиони долари, според документите кои беа претставени за јавноста.
Нови 350 милиони Мајведер ќе заработи о ППВ, и комерцијалните агенции, ова ќе биде втор пат како боксерот ќе инкасира слични суми, откако тој заработи 250 милиони, во борбата против Ману Пакуао. МекГрегор кој што најмногу во УФЦ борбите заработуваше до 3 милиони, сега од оваа борба ќе заработи 100 милиони.
Да појасниме од каде доаѓа толкавата сума на пари. Најмногу се заработува од Телевизиските права ширум светот, кој што достигнаа до 495 милиони долари, потоа од влезниците кој што исто така беа „Ѓаволски“ скапи, од 18.000 продадени влезници, организаторите заработија повеќе од 100 милиони доалри.
Тоталната сума која ја шпекулираат американските медиуми е околу 1 милион долари, ова е најскапата борба во историјата на боксерскиот спорт.
Извор: Supersport.mk