Идеалниот појадок се состои од намирници богати со протеини и прехрамбени влакна кои ни даваат енергија за почеток на работниот ден.
Избегнуваме протеини
Кремасто кафе и колаче како мафин се чест избор ако првиот утрински оброк го јадеме од на нозе, надвор од домот. Станува збор за фина комбинација за очите и желудникот на која, за жал, и недостасуваат протеини. Истражувањата покажале дека појадокот базиран на протеини ја урамнотежува количината на шеќер во крвта и ги намалува наглите напади на глад. Обидете се да го започнете денот со тврдо варени јајца и јаболко, или јогурт во кој сте додале чиа семе.
Претеруваме со сок
Овошниот сок може да биде одличен извор на витамини и минерали, но не е алтернатива на конзумирањето на овошје. За споредба, еден просечен портокал има околу 60 калории, додека чаша сок од истото овошје има речиси двојно повеќе. Притоа треба да се знае дека на сокот му недостасуваат хранливите влакна, кои изобилуваат во природното овошје.
Познато е дека на телото му требаат масти за да може нормално да функционира. Но, тоа не значи дека треба да се претерува со нив, а особено ако станува збор за заситени масни киселини како путер или сланина. Познатата њујоршка нутриционистка Бони Туб-Дикс предлага правилна дистрибуција на мастите, па за појадок препорачува комбинација на здрави масти како грчки јогурт со малку сецкани ореви.
Ако првиот оброк во денот го јадеме дури после неколку часа од будењето, односно кога ќе ве потсети ’гребењето’ на желудникот, поголеми се шансите дека ќе претераме со конзумација на храна и ќе завршиме со некоја ’калорична бомба’ во рацете. Иако не постои официјален распоред кога би требало да го изедеме првиот оброк во денот, треба да внимаваме да не се прегладнуваме.Не внимаваме на големината на храната
Верувале или не, големината на намирниците влијае и на количината на храната која ја внесуваме во организмот. Студија од Универзитетот Пен Стејт покажала дека луѓето јадат и до 18 калории повеќе по оброк кога конзумираат пченкарни снегулки со помала форма. Главната причина за тоа е што ја мериме посакуваната количина со „приближна“ метода. Наместо тоа, користете кујнска вага и изедете точно онолку храна колку што му е потребна на вашиот организам.Јадеме многу обилни оброци
Прескокнувањето на појадокот има негативно влијание врз организмот исто како и премногу обилниот оброк. Големите количини на храна го оптоваруваат телото, го успоруваат метаболизмот и ќе ве успијат. Наместо тоа, треба да бирате оброци составени од балансиран однос на протеини и јаглени хидрати кои ни даваат доволно енергија за почеток на работниот ден.