6 C
Skopje
петок, септември 22, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Го продал целото богатство за да патува низ светот со своето маче: Моментално се многу далеку од Македонија

    Рич Ист е мажот кој одлучил да даде отказ и да продаде сè што има за да патува низ светот со својата мачка Вилоу. Тие двајца моментално патуваат низ Австралија, а досега заедно имаат прошетано повеќе од 50.000 километри.

    австралија

    Тие патуваат веќе две и пол години, а Рич вели дека не било лесно да се донесе оваа одлука.

    Додал дека Вилоу не се побунила и дека не ѝ пречи постојаното менување на локации. На ланецот има посебен уред за следење така што не е возможно да ја изгуби. Тие двајца патуваат со комбе, а таа своето време го поминува истражувајќи ги подрачјата на кои кампуваат или спиејќи во комбето.

    “Многу сум горд на својата Вилоу. Поради неа имам чувство дека си доаѓам дома секој пат кога ќе влезам во комбето. Таа е најдбриот пријател за патување кој можев да го понесам со себе”, рекол Рич.

    Сите свои авантури редовно ги споделува на својата официјална страна, а Рич вели дека не планира да застане и дека сака да го види целиот свет.

    Извор: Точка

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.