Жена од Америка ја раскажува својата љубовна приказна, за тоа како го оставила својот 30-годишен маж за 18-годишно момче.
– Марк и јас почнавме да се забавуваме кога имав 20 години и бев многу млада, се се одвиваше брзо. Секако се омажив за него, ми посветуваше внимание и со него се чувствував како жена, вели Шондра,
Со текот на времето почнале кавгите, а таа имала и напади на паника.
– Спиев на каучот во дневна велејќи не ми е добро, го избегнував, со текот на времето стана ладен, а мене ми се гадеше од помислата да ме допре. Еден ден дојде сестра ми на гости со друштво и тогаш го запознав него. Шон работеше како бармен, оставаше без здив со изгледот, а имаше само 18 години. Се чувствував чудно. Го изневерував сопругот и се забавував со дете кое нема ни факултет. Сепак, станавме нераздвојни, тој беше џентлмен и ми покажа како се сака жена, вели таа.
Таа ја објавила својата врска и побарала развор, а семејството и пријателите се противеле. Сопругот прво ја навредувал, па молел да се смират. Вели во врската имало и изневерувања и болка, но секогаш се враќале еден на друг.
По три години конечно се венчале.