6 C
Skopje
среда, октомври 4, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Во Данска двојно повеќе свињи од луѓе

    Вкупниот број свињи во Европската Унија минатата година порасна 2 отсто на годишно ниво, на 149,5 милиони, а нивниот број во Данска двојно го надмина бројот на жители.

    Данска е единствената земја во Европската Унија каде што бројот на свињи е поголем од бројот на луѓе со оглед на фактот што на секои 100 жители доаѓаат 215 свињи, покажуваат податоците на европската служба за статистика „Евростат“.

    Речиси 40 проценти од вкупниот број свињи во Европската Унија се наоѓаат во Шпанија и Германија, а значаен е бројот и во Франција, Данска, Холандија и во Полска.

    Во Холандија просекот е 70 свињи на 100 луѓе, во Шпанија 65 на 100, а во Белгија 54 свињи на 100 луѓе.

    Свињите се и најголема сточарска категорија во Европа, а по нив следуваат говедата со популација од 89 милиони грла.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.