6 C
Skopje
сабота, октомври 5, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Воопшто не е лесно да се сака една Шкорпија

    Кога велиме дека е тешко да се сака една Шкорпија, мислиме на тоа колку страст и љубов имаат тие за своите партнери. Често посесивни и опседнати со оние кои ги сакаат, нивната љубов кога е вистинска е од невидени размери.

    Шкорпиите се шефовски настроени личности кои знаат дека се во право, но и да не е така, се однесуваат како да се. Опседнати се со контролирање дури и на најмалите работи на кои другите не би ни помислиле. Тоа што треба да го знаете е дека всушност негативните карактеристики кои им се припишуваат на Шкорпиите често произлегуваат од тоа колку страст имаат во себе. Но, најголемиот подарок доаѓа во креветот, каде се вистински мајстори.

    Шкорпиите се најголемите борци кога станува збор за оние кои ги сакаат. Ако една Шкорпија ве сака, тогаш таа ќе биде  вашиот најголем заштитник. Иако никогаш нема да признаат, тие се многу емотивни личности. Сепак, често сакаат да ја носат маската на луѓе кои не чувствуваат многу и кои се силни и моќни. Шкорпиите се еднакво емотитивни како и Раковите и Рибите, но тие се обидуваат да го скријат тоа.

    Потребно им е многу време да се отворат, ако воопшто и го направат тоа. Ќе морате да им докажете дека сте вредни за да ја имате нивната доверба. Никогаш не зборувајте за другите пред една Шкорпија бидејќи никогаш нема да ви веруваат ако го направите тоа.

    Шкорпиите се најдобриот партнер во сексот. Никогаш нема да ви биде досадно со една Шкорпија, ниту пак да мислите дека сте заглавени во рутина.

    Тие се најдобри во изборот на партнерот и многу ретко прават грешки кога станува збор за изборот на личноста на која ќе и го дадат своето срце. Воопшто не се наивни и секогаш ги одмеруваат луѓето, дури и кога не се заинтересирани за нив, а камоли кога им се допаѓате. За да ве сакаат вистински, ќе морате да им покажете дека ги почитувате. Без тоа, никогаш немојте да се надевате на љубов.

    Штом ве изберат и засакаат, никогаш нема да се откажат од вас.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.