6 C
Skopje
сабота, мај 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Вознемирувачки резултати од новото истражување: КОРОНА вирусот сепак може да опстане во воздухот и до два часа

    Се поставува прашањето – дали останува подеднакво инфективен.

    РНК на корона вирусот SARS-CoV-2 е пронајден ви две болници во Кина, а научниците не можат со сигурност да кажат дали вирусот може да се пренесе и да зарази луѓе и на овој начин. Како што укажуваат доказите дека овој вирус може да се шири преку воздухот, истражувачите идентификувале генетски маркери на вирусот во воздухот и капкички со мал дијаметар дури ина 1/5000 милиметри. Иако ова се потврдило само во лабораториски услови, научниците и понатаму истражуваат дали е можно и во реални услови.

    Резултатите од студијата објавена во понеделникот во магазинот Nature покажуваат дека честички со мала големина кои се ослободуваат со дишењето можат да останат во воздухот, што значи дека вирусот може да се пренесе и со вдишување.

    – Честичките ќе бидат суспендирани во воздухот најмалку два часа, објаснува Линсеј Мор, професорка. – Тоа е силен показател за потенцијален пренос и преку воздух.

    Меѓутоа СЗО сега истакнува дека вирусот превенствено се пренесува преку капки, но и со допир на загадени површини.

    Иако РНК на вирусот е најден во аеросол, научниците засега не се сигурни дали го одржува и инфективниот потенцијал или е едноставно ’безопасно парче’ вирус.

    – Она што ни недостасува да го дознаеме тоа е репродукцијата н вирусот. Дали би можеле воопшто да го “одгледаме“ овој вирус од воздухот? – се прашува д-р Харви Б. Фајнберг, шеф на комисијата за инфективни болести.

    Извор: vecer.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.