За време на најчувствителната фаза во женскиот живот, која секој месец се повторува, сите прво посегнуваат по богата и вкусна чоколада.
Невозможно е да ја игнорирате потребата за слатки во овој период, но можно е обичната чоколада да ја замените со поздрава варијанта.
Кремастиот чоколаден пијалак ќе ви ја задоволи желбата за егзотичен вкус и ќе ги ублажи сите симптоми, грчеви и болки.
Состојки:
- Безмасен јогурт
- ½ чинија сечкана банана
- ¼ авокадо
- ½ шолја спанаќ
- ½ шолја кршено чоколадо
- 10 цели индиски ореви
- ½ шолја вода
Сите состојки мешајте ги во блендер околу 5-10 минути, додека не добиете густа смеса.
Една чаша содржи калциум, витамин Б и магнезиум кои во комбинација делуваат како аналгетици за намалување на болките.