Во Италија е снимен случај , кој е rречиси секојдневен во сите поголеми градови .
Среде градски метеж , сите возила се движат полека во колоната , кога наеднаш се појавуваат двајца посилни. Во случајот Мерцедес Ц класа и Ауди А1 ја поминаа колоната возила , возејќи по спротивната лента на улицата. Но од спротивната насока наиде полиција.
И тоа не само едно возило , туку дваесетина мотори со запалени светла возе токму во насоката по која тргнаа двата автомобила.
Мерцедесот и Аудито мораа да се враќаат наназад , на општа смеа на стрпливите возачи од колоната.