Бродот без екипаж, заробен од стаорци, кој неколку години мистериозно пловеше по Атлантикот, заринка на брегот на Калифорнија.
Хрватските медиуми пишуваат дека според должината на бродот и фотографиите кои што се појавија, станува збор за товарно-патничкиот брод „Љубов Орлова” – кој го нарекуваат проколнатиот брод на Тито.
Станува збор за брод кој бил изграден во 1976 година, од југословенски и руски бродоградители и на кој му се губи трагата во 2010 година во Атлантикот.
Бродот кој е тежок четири тони и долг 90 метри, долго пловел под руско знаме. Бродот до 1999 година бил во составот на далкуисточните линии на патувања до Сахалин, на Камчатка, по должина на брегот на Приморскиот регион и во Јапонија, по што е продаден на странска компанија.
Но, во 2010 година почнува тажната судбина на бродот, кој бил напуштен во канадско пристаниште, бидејќи сопствениците му должеле на екипажот. Властите во Њуфаундленд се обиделе да го продадат како старо железо на Доминиканската Република, но тогаш бродот во една бура се ослободил и оттогаш бесцелно пловел во водите на северен Атлантик.
Експертите сметаат дека на бродот најверојатно има стотици стаорци канибали коишто преживуваат јадејќи се меѓу себе.
Во март 2013 година двапати бил фатен сигнал од бродот, па се сметало дека изминал две третини од патот преку Атлантикот, како и дека плови кон исток. Подоцна е забележан неидентификуван објект со приближна големина крај шкотскиот брег, но пребарувањето со авиони не успеало да потврди за што станува збор. Според последните фотографии, бродот најверојатно завршил на брегот на Калифорнија.