Една патничка на летот од Њујорк-Сиракуза била исфрлена од авионот кога на екипажот му се пожалила во врска со нејзиното место.

Имено, на жената ѝ пречело да седи покрај мајка со дете. Деветнаесетгодишната Мариса Рандел на социјалните мрежи објави коментар:

„Оваа госпоѓа сакаше да биде непристојна кон мене и мојот син, но сега е речиси сигурно дека денеска нема да стигне дома. Им благодарам на вработените што не дозволија да нè малтретира“.

Како што истакнува оваа мајка, патничката веднаш штом се качила во авионот, почнала да вика и да пцуе. Мајката побарала од гневната жена да се однесува пристојно поради детето, но таа повторно опцула. Стјуардеса ја слушнала расправијата и дошла до седиштата. Бидејќи немало друго слободно место на располагање, на жената ѝ било понудено да го почека следниот лет, што уште повеќе ја вознемирило. По кратка дискусија, нервозната патничката, сепак, морало да го напушти авионот.

Видеото бргу го привлече вниманието на јавноста, која начелно ја поздрави одлуката на стјуардесите.