Британски „Индипендент“ објави листа на аеродроми со најубави писти на светот врз основа на мислењето на љубителите на воздухопловството и туристите што најчесто патуваат со авион.
Истражувањето спроведено од PrivateFly предвид зело 112 аеродроми во светот, а во него учестувале околу 8.500 луѓе.
Притоа првото место го зазел аеродромот „Донегал“, кој се наоѓа во Ирска, чија писта е опкружена со плажи што ги заплискуваат водите на Атлантскиот Океан.
Веднаш по него на листата е шкотскиот аеродром „Бара“, чија писта е всушност плажа. Третото место му припадна на францускиот аеродром „Ница“, лоциран на Азурниот Брег.
Листата на најубави аеродроми од првото до десеттото место изгледа вака:
Донегал, Ирска
Бара, Шкотска
Ница, Франција
Квинстаун, Нов Зеланд
Саба, Кариби
Орландо Мелбурн, САД
Торонто Били Бишоп, Канада
Лондон Сити, Велика Британија
Сент Мартин, Кариби
Мајами, САД