Ен-би-си годинава наводно за 30 секунди комерцијално рекламирање наплатувал по 5 милиони долари, а некои од најголемите компании потрошиле милиони за ударен термин, пишува „Бизнис инсајдер“.
Оваа година рекламниот простор се продава за 11% повеќе од минатата година, а цената на 30-секунден клип чини во просек 5 милиони долари. Минатата година рекламите се продаваа за над 4,5 милиони долари.
Откако „Супербол“ беше создаден во 1967 година вредноста на телевизиското рекламирање се зголеми за 12.500 проценти. Само во последната деценија цената на рекламно време е зголемена за 76%.
Минатата година околу 114 милиони луѓе го гледаа натпреварот на телевизија, но многумина експерти ја оспоруваат ефикасноста на присуството на екраните токму за овој настан. Истражување на компанијата Communicus покажува дека 80% од рекламите на „Супербол“ не помагаат за раст на продажбата.