На Твитер беше објавена снимка од безбедносните камери на гостилницата „Ла Тана“ во Скопје, на која се гледа како дрзок крадец влегува, седнува на една од масите, ја краде ташничката оставена на соседната маса, па излегува.
За 10 секунди кражба. Да го најдеме АРАМИЈАВА. Вчера во Ла Тана. Лоповот кој во лева рака носи јакна, им приоѓа на дечките, седнува позади нив, гледа дека има оставено “ташничка”, ја зема со “јакната”, префрла во десна рака, станува, му вика на келнерот нешто и кидавела. pic.twitter.com/M2swNwHE3O
— Демир (@Trollowsky) October 20, 2019
Извор: Libertas.mk