Лошото управување со возилото, сообраќајниот хаос и газењето пешаци што го направи еден возач во Кина може да се класифицира во категоријата „верувале или не“.
Имено, камерите поставени на улица во Шенгду, град што се наоѓа во југозападниот дел на Кина, на 13 мај ги регистрирале постапките на возачот што направил неверојатен хаос на една од најпрометните крстосници во градот.
Footage SUV plows into pedestrians and vehicles at busy intersection in SW China pic.twitter.com/nGgGzGEQC1
— CGTN (@CGTNOfficial) May 14, 2018
На видеото објавено на социјалните мрежи може да се види како возач на бел џип се обидува да сврти среде крстосница, притоа кршејќи повеќе сообраќани правила.
И покрај тоа што веднаш до џипот стоеше сообраќаен полицаец, кој, како што се гледа на снимката, се обидуваше да му сугерира на возачот како да излезе од крстосницата, сепак возачот не успеа да се снајде.
Еден пешак кој беше лут поради неснаодливоста на возачот се приближи и се обиде да ја отвори вратата од џипот по што возачот забрза, но поради неприспособената брзина влета во толпа пешаци и покоски неколкумина од нив.
Додека повредените останаа да лежат на земјата, гневните граѓани и другите возачи на автомобили, кои избегнаа да бидат цел на возачот, дојдоа до белиот џип од кој го извлекоа возачот и почнаа жестоко да го тепаат. Човекот подоцна бил уапсен и обвинет за загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.