Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид со победи без примен гол ја започнаа новата сезона во Ла Лига. Барселона пред своите навивачи го победи Бетис со 2:0, додека Реал славеше во Ла Коруња со 3:0.
Барселона без Луис Суарез и Иниеста лесно се справи со Бетис. Во првиот дел Барса ги постигна двата гола, напрвин Тошак ја погоди сопствената мрежа, а потоа Серхи Роберто го постави конечниот резултат. Најдобриот играч на Барселона Лео Меси немаше среќа да постигне гол, тој три пати на овој натпревар го погоди дирекот.
Реал, без Кристијано Роналдо, со рутинска победа над „Ријазор“ ја започна одбраната на титулата.
Бејл и Каземиро во првото полувреме му донесоа сигурна предноста на Реал, а во второто полувреме победата ја потврди Крос.
Во финишот на натпреварот Кејлор Навас ја спречи ла Коруња да постигне гол, откако му одбрани пенал на Андоне.
Реал мечот го заврши со играч помалку поради исклучувањето на Серхио Рамос, тој во 92.минута го доби вториот жолт картон. н.ц