6 C
Skopje
вторник, мај 20, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Брачен пар во својот двор пронашол златници во вредност од над 10 милиони

Брачен пар од Калифорнија открил закопани златници вредни повеќе од 10 милиони долари во нивниот двор.

Минатата година, парот, кој сакаше да остане анонимен, го шеташе своето куче на нивниот имот, кога забележаа рѓосана метална кутија како излегува од земјата.

Ја извадиле и ја внеле во куќата. Кога сфатиле што има внатре, се вратиле на местото и ископале уште седум кутии.

Во осумте лимени кутии имало 1.427 златни монети од 19 век.

Обидите да се утврди кој го закопал богатството биле неуспешни, но веројатно е некој поврзан со златната треска во Калифорнија која започнала во 1940-тите, објавија локалните медиуми.

Монетите датираат од 1847 до 1894 година, а голем број од нив не биле во оптек бидејќи се добро сочувани.

Нивната номинална вредност е 27.980 долари, но според експертите по нумизматика, тие би можеле да достигнат повеќе од 10 милиони долари кога ќе излезат на аукција во мај.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.