Аронијата е растение кое е дел од фамилијата рози, а на европско тло е донесена од Северна Америка. Во Македонија поголема застапеност има во последниве години.
Што е важно да се знае?
Важно е да се знае дека аронијата влијае позитивно на сите органи во телото. Ја подобрува циркулацијата во крвните садови на главата, го намалува крвниот притисок , влијае на подобрување на функцијата на панкреасот, влијае позитивно на воспаленија на уринарниот тракт и е многу посилна од брусницата.
Зрелите плодови на аронијата содржат големо количество каротен кој ги штити клетките од оштетување, очите од катаракта , а кожата од изгореници и ја штити од УВ зраците.
Аронијата исто така е богат извор на антиоксиданти и преполна е со витамини. Ги содржи речиси сите – A,C, D, B9, B2, витамин Е и бетакаротен.
Препораките на стручните лица се да се консумира секој ден, по 10 зрна кои ќе го штитат организмот од сите инфективни и вирусни напади.