6 C
Skopje
недела, септември 24, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ако се капете со мрежичка, веднаш фрлете ја

    Тешко е да се поверува дека нешто што служи за одржување на хигиената, може толку многу да ви наштети.

    Сепак, дерматолозите откриваат дека мрежичките за капење можат да ви направат голема штета. Мрежата ги задржува мртвите клетки од кожата, па повторно ги враќа на телото по следната употреба. На тој начин се создава плодно тло за размножување бактерии, а тоа може да доведе до многу кожни инфекции.

    Сунѓерите и мрежичките се чуваат во бањата, а таму поради топлината и влагата најлесно се размножуваат бактерии и се создава мувла. За среќа, постои начин како да ги избегнете проблемите.

    Дерматолозите советуваат да ги менувате на два месеци за да се избегне натрупување на бактериите. А и сунѓерот или мрежичкта што ги користите во моментот можете да ги исчистите: навлажнете ги и ставете ги во микробранова печка 30-60 секунди на средна температура.

    Потоа чувајте ги на суво место, по можност покрај прозорец.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.