ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Сируп од млади зелени ореви и мед – за лекување на многу болести

Почетокот на мај, а во планинските области и до крајот на мај е идеално време да се соберат зелени плодови (незрели Juglandis fructus) од кои се подготвени разни лековити препарати.

Зелените млади ореви се редок природен резервоар на витамин Ц и фенолни состојки. Тие се богати со минерали, како јод, калиум, магнезиум, фосфор, калциум, железо, цинк, хлор, сулфур, манган и бакар.

Покрај тоа што се богати со витамин Ц, тие изобилуваат и со други витамини (Е, Б1, Б6, Б9) и омега-3 масни киселини, па затоа препаратите направени од зелени ореви се даваат на неухранети и анемични деца. На Балканот и ден-денес се одржува овој убав обичај да се подготвуваат младите зелени ореви во мед како сируп, во алкохол како тинктура, во ракија и шеќер (или мед) како лековит ликер итн.

Лековитите препарати од зелени ореви се користат да се подобри ефикасноста на тироидната жлезда, да се исчисти крвта од отрови и паразити од телото, да се олеснат желудочните тегоби и секако да помогнат при спречувањето на парадентоза.

Според нас, најздравата варијанта за подготовка на млади зелени ореви е комбинацијата на мед со истите, без никаква термичка обработка.

Подготовка на лекот:

  1. Најпрво наберете оревчиња со должина од околку 1-1,5см, најубаво би било да ги наберете од дрво кое расте во еколошки чиста средина, каде што воздухот, водата и почвата не се загадени. Ставете ги во тегла и прелијте ги со медот.
  2. Затворете ја убаво теглата и оставете ја на светло место, но не ја изложувајте директно на сонце.
  3. На секои десетина дена, отворете го капакот за да излезе воздухот кој е производ на ферментацијата која се одвива во теглата и промешајте го сирупот.
  4. После 40-тина дена, процедете ја течноста и отстранете ги малите оревчиња, кои веќе се црни и суви (како на сликата погоре).

Напомена: Најдобро е оревчињата да бидат со големина 10 – 15мм, бидејќи сирупот направен од поголеми ореви е со неподносливо горчлив вкус.

Се препорачува да се зема по 1 лажичка дневно, за да ги обезбедите дневните потреби за јод во вашиот организам.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.