Вчера на улицата „Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила физичка пресметка меѓу две жени. Според видеото што се појави на социјалните мрежи, помлада жена застанала покрај возило на семафор и со тупаници удирала повозрасна жена која била во автомобилот. Жената во возилото се наведнала кон совозачкото седиште за да ги избегне ударите.
Причините за нападот засега не се познати. Не е јасно ни дали претходно имало расправија меѓу двете жени. Случајот не е пријавен во полиција, па нема официјални информации за околностите.