Во повисоките планински предели во западниот дел на Македонија вечерва започнаа првите врнежи од снег, а најинтензивно снежи на Попова Шапка.
Според видео објавено од „Порта“, снимено околу 18 часот на планинскиот превој Стража, на патниот правец Гостивар – Кичево, возачите треба да бидат особено внимателни поради зимските услови на патот.
Засега снегот не се задржува на коловозот, па сообраќајот се одвива без поголеми потешкотии.
Сепак, возачите кои ја минуваат оваа делница апелираат на внимателно возење и прилагодена брзина, особено во вечерните часови кога температурите дополнително ќе се намалуваат.
Извор: Informa.mk
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИСИТЕ ВЕСТИ
НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ










