Палачинките се десерт без кој многумина не би можеле да живеат, дури ни за време на диетата
Потребни состојки:
- 45 грама овесни снегулки
- 55 грама кокосово брашно
- 45 грама просо
- Прстофат сол
- 1 лажица кафеав шеќер или мед
- Половина пакување прашок за печиво или 1 лажица сода бикарбона
- 1 лажица безглутенско брашно
- 2 јајца
- 200 милилитри млака вода
- 1 лажица маслиново масло
Начин на подготовка:
Во мелница за каде смелете ги овесните снегулки, кокосовото брашно и просото. Погрижете се сите состојки да бидат фино измелени, особено овесните снегулки. Потоа префрлете ги во поголем сад и додајте ги и останатите состојки. Оставете ја смесата да отстои 15-тина минути во фрижидер.
Следен чекор е подготовката на палачинките. Внимавајте да не сипете преголема количина во тавата, бидејќи во тој случај палачинката ќе ви излезе дебела и не толку вкусна. Печете од едната страна додека не порумени и потоа свртете од другата.
Палачинката можете да ја сервирате со комбинација од мед и какао во прав – совршен додаток на овој необично вкусен десерт. По желба, декорирајте со свежо овошје.
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИСИТЕ ВЕСТИ
РЕЦЕПТИОд 2 литри млеко правам 1 кг домашно сирење: без квасец и лимонтус, се јаде после 4 часа!20/06/2026
РЕЦЕПТИИстурам малку кока-кола во брашното го ставате во рерната, вкусен кекс мек како памук20/01/2025
НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ






