И додека ова изгледа како прекрас фотографија од меден месец во Јужна Африка, медениот меец на овој брачен пар се претворил во кошмар.
Имено додека овој млад брачен пар позирал, огромен бран удрил во карпата а со тоа ги турнал и нив двајцата. 25- годишната Марелиз во моментот кога ја турнал бранот, ногата ја заглавила меѓу карпите, па ја скршила на две места , а на помош притрчал нејзиниот сопруг. После тоа тие поминале два дена во болница, наместо покрај море, а на Марелиз и е вградена титаниумска плочка и 12 штрафови.
– Бевме свесни за опасноста, тој ден имаше многу бранови, но сакавме совршена фотографија од нашиот меден месец- раскажал Рајан.
Рекол дека еднаш претходно направиле една фотофрафија кога удрил помал бран но не биле сигурни дали е доволно добра па сакале да повторат, и за да ја намалат опасноста седнале, но тогаш се појавил огромен бран.
И покрај повредата, брачниот пар се одлучил да го продолжи престојот и да не го прекинат нивниот меден месец.
Погледнете како се случоло се: