Луѓето кои работат од 8 до 10 часови во текот на денот во исти обувки се соочуваат со овој проблем, кој во суштина е нормална појава.
Сепак, проблемот со непријатниот мирис кај стапалата може да се гледа од неколку аспекти. Покрај многучасовната “зарбеност” на стапалата поради работните обврски, многу луѓе имаат проблем и со прекумерно потење! Еве како да се спасите:
Потребни состојки:
- 4 шолји топла вода
- 5 вреќички црн чај
- Голем лавор (сад) за потопување на нозете
Постапка:
Наполнете го лаворот со топла вода и ставете ги вреќичките со чај внатре. Оставете така да стојат околу 20 минути. Ставете ги нозете внатре во водата и држете ги така половина час. Постапката повторувајте ја секојдневно во траење од намалку 10 дена.
Друг ефикасен начин за справување со овој проблем е содата бикарбона.
Нанесувајте сода секојдневно на стапалата, пред да ги облечете чорапите и чевлите, во траење од 2 до 3 недели.
Миризбата моментално ќе се неутрализира, а содата ќе влијае и на спречување на создавање бактерии кои ги поттикнуваат потните жлезди.