ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Немала ниту работа ниту куќа: Го дала на посвојување, а седум години подоцна го побарала и следел шок

Сфатила дека и сама била дете кога го родила, дека некој друг подобро би се грижел за него, прекршила и го дала на посвојување.

Крис Смит родила дете на 21 година. Немала ниту работа, ниту куќа, а кога нејзиното бебе наполнило три година, ја донела најтешката одлука и го дала на посвојување.

Таа давала се од себе и своето дете го одгледувала во автомобил, во кој и самата живеела затоа што немала стан, а потоа сфатила дека нејзиното дете заслужува многу повеќе.

Сфатила дека и сама била дете кога го родила, дека некој друг подобро би се грижел за него, прекршила и го дала на посвојување.

И неколку години откако го дала на посвојување, Крис и понатаму била невработена и бездомничка. А потоа реши дека нешто мора да преземе и да се вработи како келнерка.

Наскоро имала доволно да изнајми стан. Нашла и пријатели и маж кој веќе имал деца од првиот брак. И тек тогаш собрала доволно храброст да ја контактира социјална служба и да праша што е со нејзиниот син.

Во игра на случајност, разговарала со службеничката која била задолжена за случајот на малиот Метју. Седум години поминале откако Крис последен пат го видела и претпоставувала дека е среќен со некое ново семејство. Меѓу, на крајот испаднало дека се уште е во домот.

Со скоро четири години, колку што имал кога завршил таму, не им бил интересен на луѓето кои сакале да посвојат бебе. Со старателските семејства не се сложувал.

И така Крис веднаш седнала во автомобилот и отишла да го види.

-Беше неверојатно. Прв пат кога ја видов, видов колку личам на неа. Конечно го најдов местото каде што припаѓам, се присетува Метју.

Неколку месеци Крис и Метју се гледале под надзор на службеник од социјалното, а потоа дозволено и било да го однесе својот син дома. И денес се заедно како едно семејство кое се обидува да го заборави мачниот период од седум години раздвоеност.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.