ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Да, авокадото е скапо, но можете да си го засадите и да си го имате во својот дом

Престанете да купувате Авокадо: Еве како да го засадите и да си го имате во својот дом! Авокадото е извонредно здраво овошје. Содржи витамоин Б5, Б6, витамин Ц, К, Е, калиум и.т.н.

Ова овошје е добар извор на влакна и содржи омега масни киселини кои се важни за срцето, слично како и маслиновото масло.

Поради нутритивните придобивки, авокадото стана еден од најпопуларните прилози во исхраната, но, за уште поголема негова употреба, мала пречка е неговата висока цена.

Затоа, сега ќе ви откриеме како да засадите и одгледате во домашни услови авокадо и така секогаш да ви е достапно.

Земете семка од авокадо и забијте во неа 4 чепкалки. Водете сметка да бидат некаде на половина од семката и на еднаква оддалеченост меѓу нив.

Потоа, ставете ја семката во чаша со вода, таа да се потпира на чепкалките, а долниот крај да биде во вода.

Вака потопена семката треба да стои од 2 до 6 недели, на топло место, далеку од директна изложеност на сончевите зраци.

Во текот на тој период треба да се појават коренчиња и матичен изданок. Ако стебленцето израсне до 20 сантиметри, треба да се пресече и да не биде поголемо од 10 сантиметри.

Земете еден сад, или саксија со дијаметар отприлика триесетина сантиметри, наполнете го со хумусна земја и засадете ја на средина семката, водејќи сметка коренчињата да се закопани, а семката од половина нагоре да не е во земја!

Одржувајте ја подлогата влажна, секојдневно залевајте со вода. Ако приметите дека листовите се пожолти, намалете ја количината на вода.

Ако бојата на ливчињата е темно костенлива, значи не сте го наводнувале доволно. Во таков случај, ставете ја саксијата под млаз вода, која ќе истекува од долниот крај, а потоа осигурајте се дека водата нема да се задржи во саксијата.

Тоа е тоа. Продолжете да ја одржувате билката и со тек на време ќе почнете да забележувате плодови. Сепак, ќе биде потребен подолг период.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.