Неодамна изградена клучка во Кина, која изгледа како чинија полна со шпагети, има дури пет нивоа, пренесуваат светските медиуми. Клучката Хуангџуеван е завршена по осум години изградба, а се наоѓа во близина на градот Чункинг во југозападниот дел на Кина.
Бетонскиот лавиринт има пет нивоа за сообраќај. Највисокото се наоѓа 37 метри над земјата, а дури 15 рампи ги насочуваат автомобилите во лавиринтот во осум правци. Од овие бројки лесно е на возачите да им се сврти во главата, но локалните власти велат дека биле принудени да изградат ваква сложена структура со цел да ги поврзат најважните делови на градот.
Социјалните мрежи, се разбира, ја претворија целата ситуација во шега.
„Во градот ќе пристигнете со неколку дена задоцнување доколку го промашите својот излез“, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.
„Мојот систем за навигација се збуни и ми рече да одам каде што ќе посакам“, напишал на шега друг корисник.
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИСИТЕ ВЕСТИ
ВИДЕО(ВИДЕО) Татко поставил камери во куќата: Останал скаменет од страв кога видел што прави неговиот син во два наутро20/09/2026
ВИДЕОВИДЕО: Го затворила своето бебенце во рерна на 300 степени – погледнете како изгледа денес18/08/2026
НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ








