Европската комисија одобри нов лек за пациенти со напреднат рак на панкреасот, болест која често се открива во доцна фаза и за која со години постојат ограничени можности за лекување.
Станува збор за лекот Rasonque, познат и како дараксонрасиб, наменет за возрасни пациенти со метастатски аденокарцином на панкреасот, кои веќе примиле најмалку една претходна терапија против ракот.
Лекот се зема еднаш дневно во форма на таблети. Според резултатите од меѓународното клиничко испитување RASolute 302, терапијата покажала значајна предност во однос на хемотерапијата, со удвојување на стапката на преживување кај пациентите со напредната болест.
Одлуката на Европската комисија се однесува на пациентите без оглед на тоа дали кај туморот е утврдена мутација на генот RAS. Резултатите од истражувањето биле претставени на собирот на Американското здружение за клиничка онкологија во 2026 година и објавени во списанието „The New England Journal of Medicine“.
Кога ќе биде достапен лекот?
Одобрението важи во земјите на Европската Унија, како и во Исланд, Норвешка и Лихтенштајн. Сепак, неговата реална достапност за пациентите ќе зависи од националните одлуки за цената и покривањето на трошоците за лекување.
Лекот не е без несакани ефекти. Кај дел од пациентите се забележани сериозни реакции, а меѓу можните несакани ефекти се осип, дијареја, ранички во устата, мачнина, замор, повраќање и болки во стомакот.
Ова одобрение претставува нова терапевтска можност за пациентите со метастатски рак на панкреасот, но лекувањето мора да се спроведува под строг надзор на лекар.
Извор: 24sata.hr
ВЕСТИМонструмот од Охрид доби само кривична за „тешка телесна повреда“ и мерки на претпазливост
ВЕСТИБарал нож да ја докрајчи, татко му го советувал да ја фрли во провалија – Семејството на Сара добило пораки „да внимаваат“ зошто насилникот е на слобода!







