ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ТРАГЕДИЈА: Сопругата на познатиот пејач загина во сообраќајна несреќа

Сања Чајиќ, сопруга на српскиот пејач и композитор Мирко Чајиќ, загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила на обиколницата кај Орловача.

Веста за нејзината смрт предизвика голема тага меѓу семејството, пријателите и соработниците. Покрај тоа што беше животна сопатничка на Мирко Чајиќ, Сања активно учествувала и во неговата работа, ангажирана во фирмата која се занимава со заштита на авторските права на композитори и пејачи.

По трагедијата, бројни пријатели и познаници се простуваат од неа преку социјалните мрежи, испраќајќи пораки на сочувство и поддршка до нејзиното семејство.

„Замина прерано, оставајќи зад себе тага, празнина и болка за која не постојат зборови на утеха“, стои во една од објавените пораки.

До Мирко Чајиќ и неговото семејство се упатуваат бројни изрази на сочувство, со желби да најдат сила да ја пребродат големата загуба.

Извор: Informa.mk

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.