Кога 11- годишни момче од Тајван нашло необичен предмет на плажата, не било ни свесно дека ќе донесе среќа и спомени некому, на кој мислел дека се засекогаш изгубено.
Се работи за фотоапарат кој бил многу долго на дното ма морето, што речиси целата била покриена со школки.
-Кога свативме што е во прашање, и некако го најдовме коплето за отварање на заштитната кутија од апаратот, го отворивме, а за чудо апаратот останал не допрен од вода исеушет работеше, а на зачуди и тоа дека и батеријата сеуште беше полна- рекла учителката која тој ден двојот клас го изнела на час во пририда.

Кога стигнале назад во училиштето, одлучиле да го побараат сопственикот и да му ја врартат камерата.
Со оглед на тоа дека некои фотографии биле од Јапонија, тие ги постирале на Фексбук и напишале на два јазици, кинески и јапонски со вел да го најдат сопственикот.
За кратко време сликите биле споделувани повеќе од 10.000 пати и за еден ден е најден сопственикот.

-Не можев да верувам, бев шокирана откако пријателка ми ги испрати фотографиите, мислев дека никогаш повеќе нама да ги видам- рекла сопственичката.
Таа била студентка од Јапонија и била на одмор и нуркање во Окинава, околу 250 километри источно од Тајван, па на тоа место ја загубила камерата.
-Додека нуркавме еден мој пријател остана без воздух, па тргнав да му помогнам, ја испуштив камерата и засекогаш се простив од неа- рекла Сарина Кубакара.

Камерата патувала стотици километри за да стигне до плажата каде наставничката и дцата ја нашле камерата, сега Сарина планира повторно да отпатува во Тајван за да се заблагодари на децата и наставничката за тоа што ја пронашле и и ја вратиле камерата.