ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Мајка ѝ ја напуштила, а секој што сакал да ја посвои се откажувал- по 3 години Оливија си нашла дом

Ова мало девојче било отфрлено од својата мајка и долго чекало на родители кои ќе ѝ пружат дом.

Малата Оливија од Санта Феа во Аргентина на овој свет дошла заразена со ХИВ вирусот. Поради тоа мајката по раѓањето ја отфрлила, па девојчето завршило во дом за незгрижени деца. Оттаму, чекала со години да се појави некој кој би ѝ пружил дом, меѓутоа сите потенцијални родители ја одбивале кога ќе ја дознаеле нејзината дијагноза.

Сепак, постоел еден пар кој сепак сакал да ја посвои. Меѓутоа, управата на домот токму ним не им дозволувала да ја посвојат Оливија.

Станува збор за геј пар од Аргентина, Аријел Вијара и Дамијан Пигин, добро познати во јавноста затоа што се прв пар кој јавно се експонирал и на крајот на венчал во Аргентина. Тие многу го сакале девојчето, меѓутоа не им било дозволено да ја посвојат. Наместо тоа, Оливија од домот ја нуделе на бројни хетеросексуални парови кои веднаш ја одбивале.

На крајот, кога станало јасно дека Оливија тешко ќе добие родители кои ќе ја прифатат, после три години борба, Аријел и Дамијан добиле можност да ја посвојат.

Девојчето веднаш почнало со лекување и третмани, иако уште нема лек за тој вирус, секако дека ќе ѝ се подобри квалитетот на живот, а Аријел и Дамијан порачуваат дека ќе дадат се од себе на девојчето да му овозможат добар живот. Приказната за нив од аргентинските медиуми се проширила по светот, а луѓето се трогнати од приказната за малото девојче, која сепак има среќен крај.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.