Мајка од северна Каролина објавила фотографија на која 17- месечно девеојче на кои се гледа како со леплива трака и се залепени чевлите на девојчето, а на едната нога толку се стегнати што на ногата и направило модринки.
Џесика Хајес, се шокирала кога отишла да си ја земе ќерката од градинка , а ја затекнала со залепени чевли. Веројатно го направиле тоа зошто девојчето често си ги соблекувало чевлите, па веројатно за да не им додева и ги залепиле.

„Гледате ли во што е проблемот?“ напишала Џесика под фотографијата, додека сите корисници на Фејсбук се согласиле со неа.
„Јас сум негувателка во градинка и ова воопшто не е во ред. Пријави ги и не се откажувај“ напишала друга корисничка.
Џесика го однела девојчето кај директорката и побарала да се реагира. Лепливата трака не била залепена само околу чавлите туку и околу нејзиниот глужд.

Директорката реагирала и веднаш ги отпуштила одговорните за случајот.