ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Мајката му дала цуцла на бебе а тоа почнало да се дави- сето тоа само поради една грешка

Во продавница во Англија, мајката купила цуцла за своето 18 месечно бебе а не се ни надевала дека таа одлука може да ја чини животот на нејзиното бебе.

За среќа мајката била во близина кога бебето почнало да се дави и да губи кислород, па можела да реагира на време.

Гумениот дел на цуцлата се откинал и застанал во грлото на нејзината ќерка.

-Несакам ни да замислам што можеше да се случи а нашата ќерка, можеше да умре а наредното утро да се чудиме што се случило- вели таткото и предупредува сите родители да ги проверуваат цуцлите на децата пред да им ги дадат.

Од компанијата пак се бранат и велат дека работи се случуваат поради тоа што децата се поголеми и имаат заби па може да го откинат гумениот дел, но родителите на ова 18- месечно бебе сепак предупредуваат да ја проверите убаво цуцлата, посебно да го повлечете гумениот дел и да проверите дали е доволно цврста пред да ја дадете на вашето дете, посебно ако детето спие со цуцла.

 

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.