ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Го запознала во ноќен клуб а после неколку години се омажила за него- не ни сонувала дека ќе стане принцеза (фото)

На Американката Арана Аусин и се оствари сонот на многу девојчиња- се омажи за принц и стана принцеза.

Се омажи за Џоел Маконен, триесет и пет годишен адвокат, кој е правнук на последниот владетел на Етиопија, Хаилел Селаисен.

Триесетгодишната девојка својот принц го запознала пред 12 години во еден ноќен клуб во Вашингтон, и притоа немала поим дека момчето има кралска крв.

Џоел за „Њујорк тајмс“ признал дека на својата избраничка и пришол многу без врска, но по само неколку минути откако ја запознал си рекол: „ Ти ќе бидеш моја девојка“.

Ариана која тогаш имала 21 година не очекувала дека својот иден сопруг ќе го запознае во ноќен клуб, но се присетува дека веднаш нешто почувствувала кон него.

-Мислам дека двајцата почувствуваме дека тоа е нашата судбина, но имавме уште нешта кои требаше да се завршат, вели таа.

Кога врската им станала посериозна, Џоел и открил дека е етиопски принц, а таа била фасцинирана од приказната на неговото семејство.

Семејството на Џоел е дел од династијата која досега се до библискиот крал Соломон и кралицата Шеба, а биле на власт се до револуцијата во Етиопија во 1974 година.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.