Ребека страдала од болки и грчеви во стомакот со месеци.
За тоа време поминала низ интезивни испитувања и направила 6 теста за бременост, но сето тоа не успеало да ја покаже бременоста.
На крај била примена во болница за операција. Хирурзите биле шокирани кога внатре го нашле совршено здравото бебе од 4 кг, а операцијата се претворила во царски рез.
Ребека вели:
Се соочив со фактот дека веќе нема да можам да имам дечиња, заради проблемите со јајниците, а одеднаш имавме синченце.
Уште додава дека тоа што емотивно не била спремна за уште едно бебче и направило потешкотии со неговата исхрана.
Таа и партнерот веќе се родители на ќеркичката Хајли.
Парот сеуште чека да откријат што точно се случило за бременоста толку долго да не биде откриена.
Се претпоставува дека бебчето било поставено до кичмата и затоа тоа не можело да се движи, а таа имала болки.
Статистиките покажуват дека незабележаните бремености и не се така редок феномен.
Статистички се случува една таква бременост на секои 600 бремености.
Најчесто се случуваат кај жени кои се пред менопауза, жени со преголема тежина и млади активни жени, кои не очекуваат да забременат, па не ни внимаваат на симптомите.
Особено за ова придонесува тоа што кај некои жени се јавува циклус и по време на бременоста.