ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Дали знаете зошто пасошите се во само четири бои?

Генерално, пасошите се со црвена, сина, зелена и црна боја. Правилата се ограничени на овие четири бои, а можно е да се изработат во различни нијанси на овие бои.

Постојат различни причини поради кои земјите се решаваат која боја ќе ја користат на пасошот, но обично тоа се географски и политички мотиви. Членките на ЕУ ја користат темноцрвената боја, а членките на Кариком користат сини. Кариком е организација на 15 карипски народи кои се здружиле поради економска интеграција и соработка. Некои сметаат дека бордо бојата е дел од комунистичкото минато, а сините патни исправи се симбол на новиот свет – Северна и Јужна Америка, Океанија и тн.

Кај некои земји во одбирањето на бојата на пасошот улога игра верата , така што бројни исламски земји користат зелени пасоши поради важноста на таа боја во нивната религија. Се верува дека зелената боја е омилена боја на пророкот Мухамед, а воедно е симбол на природата и животот. Другите нации ја одбираат бојата по индивидуален карактер и идентитет.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.