ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

(ФОТО) Објавиле дека се свршиле, но ги издаде мал детал од фотографијата

Миранда Леви и нејзиното момче на Фејсбук објавиле дека се свршиле со прикладна фотографија на која идната невеста гордо го покажува својот свршенички прстен.

Благословена сум бидејќи љубовта на мојот живот денес ме запроси. Немам зборови со кои може да ви опишам колку сум среќна. Се уште не можеше да ми даде вистински прстен , но важно е тоа што е внатре. Знам дека ќе бидеме заедно, без оглед на материјалните вредности. Идната госпоѓа Кели – напишала возбудената девојка која не забележила што уште имало на фотографијата која ја објавиле на социјалната мрежа.

Откако ја објавиле фотографијата почнале да пристигнуваат и бројни коментари.

– Дали ова е тоа што мислам дека е ? Требало да ја пресечете фотографијата. Па се чини дека „тоа е внатре е многу важно“ – гласеле само некои од коментарите кои следеле.

Во левиот агол на фотографијата се гледа тест за бременост.

– Што? Значи бремена си? – ја прашале пријателите, од кои многумина мислеле дека станува збор за шега, пишува „Дејли меил“.

На Миранда првин не и било јасно поради што луѓето и оставале такви коментари, меѓу кои бил и коментарот на нејзиниот татко.

(Фото)

– Душо требаше да ни се јавиш. Твојата мајка е збунета – напишал нејзиниот татко.

-Чекајте за што зборувате сите? Зошто мислите така? – запрашала Миранда и по некое време сфатила за што станува збор.

За да ја исправи грешката Миранда за брзо време објавила нов статус.

– Еј луѓе, ќе добиеме и бебе – напишала таа на својот профил.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.