ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

18-месечно бебе само излегло од градинка и отишло до работното место на мајка си

Неверојатна случка се случила на 25 септември 2026 година во Бразил, во градот Брасао до Норте, каде 18-месечно бебе успеало само да излезе од градинката, без никој да забележи.

Малото момче излегло од установата и се нашло на улица, без придружба на возрасен. Снимките од надзорните камери покажале како детето пешачи само десетици метри, а она што следувало ги изненадило сите.

Бебето се упатило директно кон работното место на својата мајка, како да знаело точно каде треба да оди.

Таму го забележала секретарка, која веднаш сфатила дека нешто не е во ред и го однела кај мајката.

Жената дури тогаш дознала дека нејзиното 18-месечно дете само ја напуштило градинката и поминало дел од населбата за да стигне до неа.

По инцидентот, мајката поднела пријава. Општината започнала административна истрага, а и полицијата отворила постапка за да утврди како толку мало дете успеало да ја напушти градинката без никој да го забележи.

Случка која можела да заврши многу поинаку.

Последни објави

АКТУЕЛНО