Граѓаните кои ги скенирале фискалните сметки преку апликацијата „МојДДВ“ очекуваат исплата на повратот на дел од платениот ДДВ за третото тримесечје од 2026 година.
Повратот се однесува на фискалните сметки скенирани во текот на јули, август и септември, а исплатата треба да биде реализирана најдоцна до 30 ноември 2026 година.
Средствата се исплаќаат директно на трансакциските сметки на корисниците, при што висината на повратот зависи од скенираните сметки и пресметаниот износ на ДДВ.
До истекот на рокот за исплата остануваат уште неколку дена. Засега, сепак, нема официјална информација од Управата за јавни приходи за точниот датум кога средствата ќе бидат уплатени на сметките на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИСИТЕ ВЕСТИ
ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ










