6 C
Skopje
недела, април 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Раца: Нема да молам никого да игра за Македонија

    Кошаркарската федерација на Македонија (МКФ), го промошираше Драган Раца во нов селектор на националниот тим. Србинот со кипарски пасош, на функцијата го наследи Александар Џикиќ, кој минатата година доби отказ непосредно пред почетокот на подоготвките за ЕП.

    dragan_raca_selektor

    Драган Раца (55), за македонската јавност речиси анонимец, кариерата во најголем дел ја градел на Кипар, а работел и во Либан, Грција, Кина. Единствена цел на Раца го продолжи континуитетот на учество на големите натпреварувања, односно во конкуренција на Велика Британија, Унгарија и Луксембург да избори пласман на наредното европско првенство.

    Како дел од подготвките за настап во квалификациите, новиот селектор најави настап на турнир во Кина, за кој ќе повика и помлади играчи.

    „Во контакт сум со сите репрезентативци, не сум се слушнал единствено со Самарџиски и Антиќ, им испратив „имејл-пораки“ и очекувам да одговорат. Со останатите контактирав, со некои преку „имејл“, со некои се слушнав. Нема никого да молам да дојде да игра, ќе играат само тие кои сакаат“, рече Раца.

    Новиот селектор, во стручниот штаб кој го формира посакува да биде Врбица Стефанов, а најави дека ќе го задржи кондицискиот тренер Џакомо Барида, додека за скаутинг го најави грчкиот стручњак Јанис Раптис.

    „Се сретнав со Врбица Стефанов, кој искажа подготвеност да помогне. Во наредните денови треба да одговори на мојата понуда да биде дел од стручниот штаб“, заврши Раца.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.