Фудбалерот на рускиот фудбалски клуб Локомовитв, 22-годишниот Инокентиј Самохвалов, почина за време на индивидуалната тренинг сесија во самоизолација.
Тој постави видео од неговиот тренинг во изолација на социјалните мрежи, непосредно пред да умре, а по веста дека починал, „видеото од смртта“ брои милиони прегледи.
Самохвалов бил фудбалер на Локомотив, оставајќи ги зад себе сопругата и синот, се наведува на веб-страницата на клубот.
Според руските медиуми, причина за смртта се верува дека е срцев удар.