ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Добра лекција – откако ќе го прочитате ова вашиот живот нема да биде ист

Седел еднаш одамна еден стар Индијанец и неговиот млад внук пред нивниот вигвам. Дедото се обидувал што повеќе мудрост и знаење да му пренесе на внукот и така да го подготви за животот кој е пред него. Затоа и му ја раскажал оваа приказна.

-Во секој човек се одвива непрекината битка. Тоа е затоа што во нас живеат два волка“, почна мудриот Индијанец.
-Како тоа два волка?, прашал внукот.

-Едниот е ЛОШ! Тоа се стравот, гневот, љубомората, лажната гордост, негативноста, алчноста, егото, но и сожалувањето, самобендисаноста, самосожалувањето и вината. Но, постои и ДОБРИОТ ВОЛК! Тоа се радоста, спокојот, љубовта, надежта, ведрината, добрината, сочувствителноста, великодушноста, вистината и вербата“, го подучувал Индијанецот својот внук.

-И…Кој волк победува?“, прашал внукот без здив.
-Тој кој повеќе го храниш“, кратко одговорил мудриот дедо.

Добро размислете за овие зборови! Може да ви го сменат животот!

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.